Ноќва после полноќ запален е автомобилот на познатиот адвокат Мишел Наумоски од Охрид.
Тој за „Охриднет“ вели автомобилот бил опожарен десетина минути откако го паркирал пред зградата каде живее.
-„Само десетина минути ткако си отидов дома, некој го запали автомобилот пред згарадата каде живеам, на улица „Партизанска“ во центарот на Охрид“.
Автомобилот веројатно бил запален со експлозивна направа и заплива течност.
Сторителите засега се непознати, но се очекува брзо да бидат ортркиени бидејки се снимени на безбедносни камери.
Наумоски важи за реномиран и познат адвокат во градот. Причината за овој атак е непозната, но се поврзува со професионалниот ангажман на адвокатот.
Во гаснењето на огнот учествувале екипи на противпожарната единица на град Охрид, н возилото е комплетно оштетено. На увид излегле екипи на СВР Охрид. Во моментов се врши вештачење на опожареното возило.
Се очекува „храбрите“ сторителите, кои се осудиле да палат автомобил среде центар во градот, брзо да бидат изведени пред лицето на правдата.
