Ќе има конкурс за нов концесионер на Охридско Езеро

Наскоро ќе има транспарентна постапка за избор на нов концесионер на Охридско Езеро.

Во владина процедура е постапката за објавување конкурс за избор на нов концесионер на Охридското Езеро.Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во консултација со стручните служби од Охрид и институтите, направена е измена во риболовните основи за поголема заштита на рибниот фонд.Министерот нагласува дека прифатени се сите предлози што стигнале во делот на заштитата на белвицата и охридската пастрмка. Николовски тврди дека со овие измени на риболовните основи имаме уште поголема сигурност и штом ќе заврши владината постапка, формирањето комисии и другите активности што се во процедура ќе биде објавено.
Ресорниот министер вели дека и покрај тоа што Охридското Езеро нема концесионер кој треба да се грижи за зачувување на рибниот фонд и да го штити од рибокрадци, Инспекторатот успешно ја врши својата работа.Според министерот Николовски ќе биле објавени констатираните незаконитости и ќе имаме транспарентна постапка за избор на нов концесионер согласно изменетите риболовни основи кои даваат поглема заштита на ова природно богатство, напоменува Николовски.
Охридското Езеро моментно нема концесионер. Со одлука на Влада е одземена концесијата поради, неисполнување одредени законски обврски кои треба да ги извршува концесионерот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани