МВР вели имало полови дејствија а МТСП немало силување

Разногласие околу случајот со 14 годишно девојче нападнато во Струга.

МВР вчера објави дека врз 14 годишно девојче било извршено полово дејствије а Министерството за труд и социјална политика соопшти дека нема силување. Ова министерство вели нема потврда дека во случајот со 14-годишното девојче, нападнато во Струга се работи за силување. Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека веќе се работи на расветлување на случајот со малолетното девојче од Домот „25-ти Мај“ во Струга, кое вчера во полиција пријавило дека непознато лице извршило други полови дејствија над неа, додека престојувала на летување во Струга.Соопштуваат дека МТСП е во постојана комуникација со МВР и до овој момент нема потврда дека се работи за силување. Установата веќе ја обезбеди потребната стручна помош и заштита на девојчето и постапува согласно процедурите. Истовремено, МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани