Поетски портрет на Загајевски во „Света Софија“

Адам Загајевски е годинашен добитник на „Златен Венец“ на СВП.

Во рамки на 57. Струшки вечери на поезијата денеска ќе се одржи поетски портрет со годинашниот добитник на „Златен Венец“ Адам Загајевски во црквата „Света Софија“ во Охрид. На програмата е и поетско кафе со лауреатот, а ќе се одржи и симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“ и манифестацијата „Созвучја“.Фестивалот завршува утре со манифестацијата „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“ на добитникот Адам Загајевски, „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Зоран Анчевски и „Мостови на Струга“ на Пауло Тапио, која СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.На годинашните 57. Струшки вечери на поезијата учествуваат 30 поети од 29 земји и поети од Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани