Трендот продолжува, и натаму се намалува наталитетот во Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.3% и изнесува 5 160 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 1.1% во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 4 683 лицa, а од нив 17 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 477, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Голем пад има во Битола каде се родиле 189 деца, а починале 283 луѓе. 126 деца се родени во Охрид, а починале 141 жител.
Во Велес се родиле 110, а починале 131 лице.
Родени се 85 деца во Кавадарци, а починале 109 луѓе.
Во Прилеп се родени 174 деца, а починале 221 жител.
