Неколку потраги по изгубени лица и чамци во Охридското езеро завршија успешно. Благодарение на поставените радари Капетанијата на пристаништа успеа да ги пронајде исчезнатите и безбедно да ги згрижи.
Со радарскиот систем веќе две години се набљудува езерската пловидба со што драстично е подигната безбедноста на вода.
-„Првенствено радарските уреди се користат за трагање по исчезнати лица кога има за да не се лута по целото езеро барајќи игла во слама. 1228 Претходното лето беше пријавен чамец кој неможе да се врати до брег беше дијагностициран пронајден и беше укажана соодветна помош д страна на инспекторите од Капетанија на пристаништа“ , вели Горан Устијаноски Капетан на капетанија на пристаништа.
Од охридската капетанија се задоволни од текот на главната туристичка сезона, која завршува без ниту еден поголем инцидент во безбедноста на вода. Во таа насока Капетанијата најавува набавка на уште едно пловило за инспекциски надзор.
– „Во плановите за зголемување на способноста на капетанија за инспекциски надзор и поголема нејзина присутност на акваториите на сите езера во земјава ние за следната година имаме планирано и се надеваме дека ќе влезе во буџет купување на уште едно пловило со доаѓањето на уште едно пловило ќе мора да го зголемиме и бројот на инспектори барем уште за еден за што се води соодветна постапка со министерство за финансииза вработување на уште едно лице како инспектор“, додава Устијаноски.
Радарскиот систем лесно може да го регистрира секој пловен објект на езерската шир. Капетанија на присташништа не ја открива позицијата на двата радари , бидејќи со нив се зголемува безбедноста во пловидбата, но и се попречува криминалот по вода.
Рибокрадството и нелегалната трговија со дрога, меѓу Албанија и Македонија се клучните криминални дејанија кои се случуваат по езерото.
Новинар Соња Рилковска
