Дел од патот Охрид-Свети Наум ќе се затвори за сообраќај

Затворањето на дел од регионалниот пат Охрид-Свети Наум е поради градежни зафати.

Поради изведување градежни активности, денеска од 13 часот за сообраќај се затвора дел од регионалниот пат од Охрид кон Свети Наум.Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека ќе биде затворен патот на потегот од „Билјанини извори“ кон хотелот „Славија“, во должина од 600 метри. Забраната ќе трае до крајот на изведување на градежните работи.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани