Нападнатиот бил пренесен во општата болница Охрид.
На 01.09.2018 година во 12,30 часот во Полициската станица Охрид В.В.(44) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од две непознати лица. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и констатирано било дека истиот ден на градилиште каде се изведуваат работи за градење на базен кај Билјанини Извори пријавителот како главен надзор, откако го стопирал градењето поради проблеми со бетонот, по кратко време дошле двете лица коишто најпрво почнале да го навредуваат, а потоа и физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе по телото, а биле спречени од лицето Р.М. Од ударите В.В. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. Истиот ден во 20,30 часот во полициска станица било повикано лицето Б.Х.(44) од с.Велешта-струшко во врска со настан за нарушен ЈРМ. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
