Наташа Поповиќ од Скопје е новиот директор на фестивалот Охридско лето.
Меѓу 22 нови фукнционери, кои вчера ги објави министерот за култура е името на Поповиќ од Скопје. Сосема непозната за јавноста повторно се избира директорка од Скопје.
Продолжува праксата скопјани да директоруваат со најголемата културна манифестација во земјава. Поповиќ е професорка по пијано, која живее и работи во Скопје.
Изминативе години директорка беше Елизабета Јанкуловска од Скопје, а потоа Оливер Арсовски исто така од Скопје. Праксата беше прекината со назначувањето на Сузана Вренцоска од Охрид, која изминатите две изданија раководеше со фестивалот, а се покажа како ислучително успешен менаџер на националната установа.
Зарем во Охрид нема кадарни менаџери па се увезуваат од други градови?
