Прва трка на независноста во Охрид

Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и оваа година реши да продолжи со традицијата Меѓународен Атлетски Маратон Св.Наум-Охрид во должина од 30км.

И оваа година покрај традиционалниот маратон организациониот одбор реши да организира и рекреативна трка на 5км под името Прва Трка на Независност со која би се привлекло повеќе публика на целта,а обезбедени се и симболични награди од фирма со спортска опрема.                 

Досега званично се пријавени за маратонската трка 130 учесници и се очекува да се собори рекордот од минатата година со 147 учесници.Освен од Македонија ќе имаме учесници од Србија,Словенија,Црна Гора,Бугарија,Унгарија,Америка,Велика Британија,Словачка,Кенија и други.Доделувањето на стартните пакети ќе биде на 07.09. ден пред трките од 12 до 20 часот во спортска сала Билјанини Извори.Кај Првата трка на независност засега имаме околу 40 учесници но очекуваме бројката да се зголеми доста зошто сеуште . Исто така кај Македонските учеснички и учесници се очекува жестока борба за освојување на првото место во македонска конкуренција на маратонската трка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани