Кинеската „Синохидро” бара 152 милиони евра за доизградба на само еден тунел на автопатот Кичево – Охрид.
Пратениците утре ќе треба да го разгледуваат анексот од Владата на договорот со „Синохидро“со кој се бара 205 милиони евра од обезбедените пари од Ексим банката да се одмрзнат за трошење. Се очекува, градежните работи на автопатот Охрид – Кичево кој повеќе од една година е во целосен застој да продолжат наесен.Владата со помош на меѓународни експерти целосно го ревидираше проектот кој имаше низа недостатоци. Автопатот немаше клучки за влез и излез, регионални патишта, не беше решена експропријацијата, а трасата минувала и над резервоарот со вода за Кичево. Со новиот анекс „Синохидро“ се откажува од казнената клаузула, а се спречува пропаѓање на домашните градежници кои се подизведувачи на автопатот, но и на банките кои се нивни гаранти.Дали автопатот Кичево – Охрид ќе биде најскапиот автопат по цена на чинење на километар, ќе се знае на десетти октомври.
