Блесна локалитетот „Манчевци“ во Охрид

Блесна локалитетот “Манчевци” во Охрид.

Конзервираната ранохристијанска базилика од периодот од 4 до 6 век во стариот дел на Охрид,  од 2015 година  го збогатува македонското културно наследство. 

Локалитетот беше случајно откриен при изградба на приватни куќи,  а денес извршена е консолидација на објектот, конзервација на мозаичните подови, ставени се автетични столбови и покривна конструкција.

 За празникот синоќа локалитетот доби и современо осветлување на иницијатива на Лајонс клубот „Лихнидос“.

 -„Празнично дотерани и осветлени најубавите мозаици во Охрид. Локалитет кај Манчевци, 08 Септември 2018“, напиша професорот Зоран Тунтев од ЛК „Лихнидос“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани