Запознајте се со можностите за финансирање од ЕУ

Делегацијата на Европската Унија организира работилници за финансиската поддршка што ЕУ ја овозможува.

 

Г. Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, и неговите колеги од Делегацијата ќе ги претстават можностите за финансирање што ги нуди ЕУ и начините како да се користат. Работилниците ќе се одржат во повеќе општини, а бројот на учесници на секоја од нив е ограничен.

Во продолжение се деталите за локацијата, датумот и времето на одржување на секоја работилница. Заинтересираните за учество можат да се пријават онлајн на еден од линковите подолу за соодветниот град или на бесплатниот телефонски број 0800 88888.

 

Велес, 31 август 2018, 10.30 – 13.30, Голема сала на Општина Велес Пријави се  

Прилеп, 4 септември 2018, 10.30 – 13.30, Собраниска сала на Општина Прилеп Пријави се

Струмица, 6 септември 2018, 10.30 – 13.30, Дом на армијата Пријави се

Крушево, 12 септември 2018, 10.30 – 13.30, Дом на културата Пријави се

Гостивар, 14 септември 2018, 10.30 – 13.30, Сала на Советот на Општина Гостивар Пријави се

Охрид, 17 септември 2018, 10.30 – 13.30, Голема сала на Општина Охрид Пријави се

Штип, 21 септември 2018, 10.30 – 13.30, Голема сала на Општина Штип Пријави се

Куманово, 25 септември 2018, 10.30 – 13.30, Голема сала на поранешната зграда на Комитетот Пријави се

Битола, 27 септември 2018, 10.30 – 13.30, Хотел „Епинал“ Пријави се

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани