56 годишна жена е пренесена во болницата „Св.Еразмо“.
Сообраќајката е случена вчера во во 13.15 часот на крстосницата на улица „Васил Главинов“ во Охрид помеѓу мопед „Баотијан“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(56) од Охрид и патничко возило „Фиат Добло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(71) од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Д.С.која го управувала мопедот и која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“,информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Додава дека увид на местото извршила извршила екипа од СВР Охрид.
