Македонија во топ 10 брзорастечки туристички дестинации

Меѓународната туристичка организација ја објави листата на топ-десет европски дестинации, кои во 2017 година имале најголем пораст во туризмот, а Македонија се најде на истата, позиционирајќи се на шестото место.

 

Македонија има раст на туристичките посети од 23,5 отсто во 2017 споредбено со една година претходно и тоа ја сместува само зад Сан Марино (31,1 процент), Грузија (27.9), Израел (24.6), Турција (24.1) и Исланд (24.1), а пред

Азербејџан (20), Молдавија (19.6), Босна и Херцеговина (18.7) и Ерменија (18.7).

Реално, Македонија влегува во Топ-пет со најголем раст, бидејќи првото место на Сан Марино е номинално, односно станува збор за џебна-држава во Италија која наместо 60 странски гости во 2016-та, ја посетиле 78 цела 2017-та и тоа го прави скокот од 31,1 отсто.

Сепак, влегувањето во Топ-10 најбрзорастечки дестинации не треба да не залажува, бидејќи Македонија од странските посетители во 2017-та заработила само 327 милиони долари и од цела Европа подобри сме само од Молдавија со 312 милиони долари, пишува Фактор,мк. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани