Министерството за економија традиционално ги додели наградите за најуспешните хотели во Македонија, поделени во неколку категории.
Хотелот „Изгрев“ и годинава на врвот. Најуспешните спа хотели се прогласени : ТЦЦ- Гранд Плаза – Скопје, Изгрев – Струга, Буши Ресорт & Спа – Скопје и Сириус – Струмица.
Оваа се најуспешните хотели за езерски туризам: Макпетрол – Струга , Лаки Хотел и Спа – Охрид, Силекс – Охрид и Хит Дојран.
За најуспешни хотели за планински туризам се прогласени : Аурора –ресорт – Берово, Бел Камен –Радовиш, Радика – Маврово и Скардус Попова Шапка.
Ова се најуспешните градски хотели: Мериот – Скопје, Парк хотел & Спа – Скопје, Аполонија – Гевгелија и Вила Парк Струмица.
