Во недела право на глас имаат 1.806.336 гласачи

Референдумскиот молк е простор оставен на граѓаните самостојно да размислат и одлучат како и дали ќе гласаат во недела.

На полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“

Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат 1.806.336 гласачи, запишано во Избирачки список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.Утре, ќе гласаат болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците, како и државјаните на Република Македонија во странство.Референдумот ќе го надгледуваат околу 12 илјади домашни и речиси 500 странски набљудувачи.

 

За референдумот на 30 септември за гласање се пријавени 1.859 болни и немоќни лица во 69 од 80 општини.

 

Гласањето за нив ќе се спроведе на 29 септември, кога членови на избирачките одбори ќе ги посетат во нивните домови.Најмногу болни и изнемоштени за гласање се пријавиле во Демир Хисар – 145, во Прилеп – 143, во Струмица 107 и во Крива Паланка 100.

 

На локалните избори во 2017 година за гласање биле пријавени над 5.400 болни и изнемоштени лица.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани