На царина Струга запленети делови за возила

На Царинска испостава Струга запленети делови за возила и алат.

– 114 литри моторно масло и 11 литри адитив за патнички возила, 10 гуми за патнички возила и земјоделска механизација, 6 парчиња алат (бор-машини, хефталка, брусилка, дигалка и фреза), 2 рефлектори, 26 силикони за стакло и 2 парчиња црева за компресор, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Соединетите Американски Држави, наменета за физичко лице од Дебар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга. Производите, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани