На радовишанецот му се бендисало да има куќа во Трпејца но наместо тоа, добил кривична.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(47) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,бесправно градење” и ,,узурпација на недвижности”.
-Во текот на 2016 и 2017 година, во село Трпејца, пријавениот, како инвеститор, без да поседуваа соодветна документација, изградил објект, при што узурпирал земјиште во сопственост на Република Македонија, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
