Од 50 земјоделци кои произведуваат органско, бројката денес се зголеми на 650, а површините од 200 на 2900 хектари.
Сите се впишани во новиот регистар на органски производители изработен од министертсвото за земјоделсто, шумарсрво и водостопанство. Интересно е што од охридско, струшкиот регион регистрирани се само дваесеттина иоргански производители.
Во охридско Лескоец се произведуваат органски лешници, гоџи бери и аронија.

Во струшко Радожда се одгледуваат гоџи бери , исто и во Белица.
И во Дебрца застапено е производствто на гоџи, но многу малку , едвај неколку земјоделци се занимаваат сточарство и козарство по органски терк, а се произведува и јачмен, пченица, пченка и овес.
Органското производство е во подем, но регионот очигледно се уште не е доволно свесен.
Овде е регистарот на сите 650 органски производители во Македонија.
