Едукативната работилница за контрола на дијабетесот ќе се одржи утре во општинската сала.
Утре со почеток во 16 часот и 30 минути, во салата на општината ќе се одржи Едукативна работилница за контрола на дијабетесот и броење на јагленохидрати во исхраната. на работилницата предвидени се две работни теми: „Основа за добра контрола на гликемиите кај дијабетесот“ и „Регулиран дијабетес – сочуван вид“. Работилницата е во организација на Здружението на дијабетичари Охрид, Асоцијација за детски дијабетес на Македонија „Баланс МК“ и „Систина Офталмологија“-Битола.
