Пламените јазици ги изгаснала сопругата.
Вчера во 13.15 часот во Полициската станица Охрид, О.С.(54) од село Лескоец, охридско, пријавил пожар во неговата куќа, кој настанал во 02.15 часот, а бил изгаснат од страна на неговата сопруга и соседите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
