Охридската полиција од рано сабајлево е кај селото Рамне.
Охридската полиција ова утро почна да го прегледува теренот кај селото Рамне каде вчера случаен минувач забележал коски кои наликувале на човечки. Тој веднаш се јавил во полиција и кажал што видел.Според соопштението добиено од Канцеларијата за односи со јавноста во охридската полиција,на 17-ти овој месец околу 13 часот, во СВР Охрид добиено е телефонско известување за забележани коски кои наликувале на човечки.
-Коските биле пронајдени во месноста „Лозја“ атар на охридското село Рамне.По добиената информација, СВР Охрид оформи увидна екипа која, по овластување на Јавен обвинител веднаш излезе на посоченото место, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид. Додава дека денеска сe преземаaт дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот.
Според информациите, пред неколку месеци во полиција бил пријавен исчезнат човек токму на делот околу селото Рамне. Истрагата ќе покаже дали коските се човечки и дали се работи за исчезнатиот човек.
