Со најновиот договот за дополнителни услуги надзорот за изградбата на најскапиот македонски автопат ќе чини повеќе од 13 милиони евра.
По првичниот договор на вредност од 10 милиони евра, сега со непосредна спогодба Јавното претпријатие за државни патишта работата повторно ја даде на носителот на набавка Градежен институт Македонија за 3 милиони евра
Градежен институт „Македонија“ (ГИМ) е носител на набавката во која ќе добие 3 милиони евра од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за дополнителни услуги за надзор врз изградбата на автопатот Кичево – Охрид. ЈПДП и ГИМ склучија договор во постапка со преговарање без да биде објавен оглас. Со оваа набавка што ја доби ГИМ вкупната вредност на бизнисот што го имаат за надзор врз изградбата на автопатот надмина 13,1 милиони евра.
Деталите за тоа зошто ЈПДП одел на избор со преговарање без објава на тендер се достапни на Faktor.mk
