Пронајдена марихуана кај жител на Октиси струшко.
-„Надворешната канцеларија за кривични работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Л.(38) од с.Октиси,струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 01.07.2019 во 12.30 часот во с.Октиси, струшко, полициски службеници при претрес во домот на пријавениот пронашле и одзеле марихуана“, информираат од МВР.
