Стружанец си изградил авто камп без одобрение

Самоволието на поединци нема крај.

50 годишен стружанец од струшкото село Калишта, без одобрение си изградил авто камп и два пдруги помошни објекти. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.К. (50) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид „во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекти“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани