Владата ќе направи се` што е во нејзин домен за зачувување на статусот на Охрид под Унеско.
Претходната власт цели 11 години не презеде ништо за главниот туристички центар да остане на мапата природно и културно светско наледство, обвини премиерот Оливер Спасовски пред почетокот на седницата на Владата што вечерва се одржува во Охрид.
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам засилено работи на терен, денеска беше извршен увид на поголемиот дел од дивоградбите во регионот и ќе се реализираат сите препораки од Унеско, уверува Спасовски.
.jpg)
-„Се` што треба да биде преземено во однос на влсадата ќе преземем за Охрид да остане запишан на картата на светско културно и природно наследство. Ние впрочем денеска заедно со градоначалникот извршиме увид во реализацијата на проектот на ревитлизавција на коелткорскиот систем и можам да кажам дека работите се одвиваат во предвидената динамика. Знаете дека Владата оддели 4,2 милиони евра за реализација овој рпеокт и очекуваме до мај да биде целосно завршен. Имајки во преедвид дека повеќе од 30 години не е одржуван покажува само на негрижата и за дведување до сериозна опасност на природното богатство кое што го има Охрид“, рече премиерот Оливер Спасовски.
.jpg)
ПремиеротСпасовски денес заедно со градоначалникот Георгиески извршија увид и на активностите за санација на колекторскиот систем.
-„ Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на поддршката која што ја имавме во однос на раздолжувањето, како и во донос на сите други активности за ревитализација на колекторкио систем и други заеднички рпеокти улицата Абас Емин, везот на Охрид о 15 ти Корпус. Подкувам плодна и успешна раабота на денешната седница на Владата“, рече градоначалникот КОнстантин Георгиески.
Министрите и директорите на јавни претпријатија денеска беа на терен во регионот . Градоначалниците на Охрид, Струга, Дебарца, Ресен и Вевчани дадоа извештај за состојбите на осмата редовна седница на Владата на Р С Македонија што вечерва се одржува во Охрид , како дел од сериите на седници кои се одржуваат надвор од главниот град. Целта е да се биде поблиску до граѓаните и да се слушнат и решат нивните проблеми .
Новинар Соња Рилковска
