ЈП Билјанини Извори ги известува сите корисници на електронски картици издадени од Општина Охрид дека електронската рампа во близина на споменикот Фаќач на крст е во функција.
За жал електронската рампа еден период не беше во функција за што се извинуваме и им благодариме на сите за разбирањето. Исто така ЈП Билјанини Извори ги замолува сите корисници на електронските картици да не ги злоупотребуваат истите и да се придржуваат кон насоките од ЈП Билјанини Извори и правилата за користење на истите. За секоја злоупотреба на електронската картица истата ќе биде блокирана и корисникот нема да има право на обнова на истата, информираат од ЈП Билјанини извори.
