Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид во соработка со болницата Систина Офталмологија на 15.02.2020 година, (сабота), организира здравствено едукативен настан кој се состои во предавање и бесплатни консултации.
– катаракта, што е и кои се можните решенија – со д-р Викторија Филева, 11:00 – 12:00 ч. Голема сала во Здружение на пензионери Охрид, ул. Димнитар Влахов бр. 50 (спроти Гимназија),
– Ласерска корекција на диоптрија – со д-р Викторија Филева, 12:30 – 13:30 ч. во Црвен крст Охрид,
Доколку имате проблем со катаракта, размислувате како да се ослободите од очните помагала и да гледате без ограничувања, и доколку сакате да дознаете повеќе за ласерска корекција на диоптрија и можните начини за отстранување на диоптријата, Ве очекуваме на овој настан.
Бројот на присутни лица е ограничен и затоа не се двоумете, пријавете се на тел. 070 315309, 046 261909, 070 351008 или дирекно во просториите на Црвен крст Охрид, најдоцна до петок, 14.02.2020, до 16 ч, повикуваат од Црвен крст Охрид.
