Шест трактори градежен шут, вчера беа извадени од Охидското езеро на плажата „Корали“ во Лагадин.
Поранешниот концесионер Илија Џепароски, вели не е важно дали ќе работат плажите , најважно е да ги одржуваме чисти.
-„Ги охрабрувам сите граѓани, поранешни концесионери да ги уредат плажите. Да го уредиме брегот на езерото. Во оваа акција мене ме поддржаа и жителите од населбата Лагадин“, вели Илија Џепароски во зијава за Охриднет.ком.



