Со ваучери ќе се помага домашниот туризам

Со ваучери за граѓаните кои ќе ги користат во домашните туристички капацитети, хотели и апартмани ,  но и ваучери за поттикнување на приватната потрошувачка  во угостителскиот сектор,  ќе се поттикнува туризмот во земјава.

Ваучери ќе добиваат граѓаните со ниски приходи, од идната недела ќе започне аплицирањето за оваа мерка.од страна на хотелиерите . Министерот за економија денес на средбата со хотелската асоцијација ХОТАМ во Струга, најави дека се подготвува и   четврт пакет мерки за поддршка на туризмот. Од ХОТАМ се задоволни од најновите мерки на владата.

–„ Во третиот економски пакет веќе сме предвиделе над 16 милиони евра каде што на сто илјади наши граѓани ќе им се доделат вауери се о цел да ги користат во нашите категоризирани хотели и приватни капацитети во земјава. Ова е со цел да ја поттикнеме потрошувачката и да го поддршеме овој многу важен сектор во нашата држава“, изјави Крешник Бектеши министер за економија.

–„Еден апел само можа да испратам  ете сите граѓани на Р Македонија барем по десетина дена да потрошат во нашите туристички капацитети објекти во земјава“, изјави  Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани