Со промотивна кампања „Летувај во Охрид“ главниот туристички центар оваа сезона ќе привлекува гости.
Хотелиерите нудат атрактивни пакет аранжмани , конкурентни на земјите од соседството и прилагодени на џебот на домашните гости.
Туристичките и хотелските работници за прв пат во корона кризата обединети, заеднички настапуваат на скромниот, поради пандемијата, туристички пазар.

–„Мора да се стави акцент на привлекување на домашните гости и со оглед на тоа се одлучивме на една промотивна кампања која што се надеваме ќе вроди плод и ќе имаме што повеќе туристи меѓутоа акцентот ќе го ставиме и на нашите соседи“, вели Јаким Маленко сопственик на туристичка агенција.
Во пикот на сезона јули и август за 200 евра на брегот на Охридското езеро за прв пат се нуди седумдневен аранжман во хотел со четири ѕвезди.
-Цената е многу пристојна Охрид има што да понуди. За таа цена вреди да се дојде во Охрид и да се летув во Охрид бидејки езерото си има свои убавини и природни реткости. Мислам дка многу луѓе ќе ги искористат овие промотивни цени и ќе дојдат и ќе летуваат во Охрид“, вели Маленко.
И дел од туристичките агенции во Србија ја поддржаа кампањата „Летувај во Охрид“ вметнувајќи го градот во своите понуди. Градоначалникот Георгиески најави дека и општината ќе се вклучи во промотивната кампањата на туристичките работници.
За спас на туризмот како најпогодена гранка од пандемијата, Агенцијата за промоција на туризам во земјава реализира кампања „Дома си е дома“.
Новинар Соња Рилковска
