Контролите се кон лицата во (само) изолација и угостителските објекти.
Во текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-4, Струга-1, Кичево-3). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 73 контроли врз лица во изолација (Охрид-43, Струга-15, Кичево-15), три контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-2, Струга-1) и 36 контроли на угостителски и други објекти, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски информира дека, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Д.(58) и Х.Д.(18), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Пријавените, на 28.04.2020 година околу 17,30 часот, биле затекнати на улицата ,Андреа Јованоски“ во Охрид, без соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час, соопшти портпаролот.
