Заев: Охрид е нашето богатство и мора да го зачуваме статусот на Унеско

Охрид е нашето богатство и нашата гордост и верувам дека сите ќе опстоиме да ги вратиме природните убавини согласно критериумите на УНЕСКО, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на синоќешната средба во Охрид. 

-Направивме историски исчекор, минималната плата ја покачивме за 58%. Од јануари секој месец исплаќаме повисока пензија. Успеавме да создадеме нови 60.000 работни места, истакна носителката на кандидатската листа во ИЕ5, Радмила Шекеринска. На 15 јули, на изборите кои ќе бидат 100% безбедни по здравјето, граѓаните ќе изберат светла иднина со заокружување на бројот 3 за победничките листи на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и да ја испратат во минатото обновата на режимот што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани