Заврши летото почнува есента

Денеска, 22 септември  на северната хемисфера, календарски почнува есента.

Во Македонија таа официјално ќе пристигне во 15:30 часот по средноевропско време. Во првиот ден од есента денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат еднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пролетна рамноденица (таму почнува пролетта).

Во првиот есенски ден сонцето ќе изгрее во 6 часот и 22 минути точно на исток, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути точно на запад. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето ќе биде околу 149,5 милиони километри или блиску до просечната вредност.

Есента ќе заврши на 21 декември, кога на  северната полутопка ќе почне зимата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани