Благодарница од „Охрдско лето“ за градоначалникот

Во мое лично име и во името на Општина Охрид сакам да упатам јавна благодарност до НУ „Охридско лето“ за укажаното внимание и доделената благодарница во чест на одбележувањето на 60 годишниот јубилеј на фестивалот.

 

„Охридско лето“ е нашата гордост, нашиот најскапоцен бренд и столб на современата културна традиција. Посакувам да бидеме сведоци на уште многу фестивалски изданија кои ќе донесат неповторливи настапи и врвни светски уметници. Се надевам дека фестивалот ќе продолжи да се развива и дека заедно ќе прославуваме уште многу значајни јубилеи.

Честитам на целокупната организација на овогодинешното фестивалско издание, кое беше успешно реализирано и покрај светската пандемија од „КОВИД 19“, напиша градоначалникот Константин Георгиески.

Social profiles