Детонации ќе се слушаат при армиските вежби во Охрид

Вежбите на армијата започнуваат утрово.

Денеска во близина на Центарот за обука на вода во Охрид, Армискиот баталјон за специјални намени ќе одржи вежбовни активности.
– Предвидено е, во активностите да се вклучат повеќе припадници на армиската единица како и хеликоптери од воздухопловните единици на Армијата. Притоа, ќе се користат и артифиции кои предизвикуваат звучни и сигнални ефекти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани