Ученците Албанци од Струга продолжуваат со бојкот

Струшките гимназијалци продолжуваат со  бојкотот на онлајн наставата. Македонските средношколци попуштија,  почнаа да учат од далечина, но албанските остануваат на ставот да добијат дозвола за настава со  физичко присуство.

 

Велат немаат сите компјутери,во некои села нема струја  и  интернет,  а платформата има безброј слабости.

 Оваа недела ние продолжуваме да бојкотираме и се покажа  позитивно затоа што голем број ученици не` поддржаа. Министерството за образование и наука  мора да ги земе во предвид нашите барања ,  мислењето  на учениците е важно , бидејки ние сме мнозинство“, вели една  ученичка од Одборот  за бојкот.

 Владата ги затвори училиштата,  а градските кафани се преполни со луѓе. Ги затвораат училиштата, а летово  илјадници луѓе одеа на плажа во Струга и Охрид. Ние разбираме дека  државата се грижи за економијата, но зарем не заслужува грижа  и образованието“,  вели друг ученик од доборот за бојкот.

 Од март до октомври поминаа 8 месеци и во овој период, владата и министерството  за образование и наука наместо  да  создадат  услови за квалитетно образование, , тие во две недели направија една неуспешна платформа.   Ние браме враќање на училиште, ќе бојкотираме се додека не добиеме дозвола“, вели трет ученик од Одборот за бојкот.

На предупредувањето на министерката Цароска дека  оние кои бојкотираат  ќе учат во лето,  тие и` одговорија со службено писмо.

-„ Ве молиме да не разберете, затоа што ние не се закануваме, како Вас. Сакаме да Ви докажеме дека бојкотираат учениците. Од  250.000 ученици, само 88.000 се вклучени на  „формалната” платформа, 40.000 од нив немаат услови,  а останатите бојкотират. Би се чувствувале ценети ако прво  ги исполните  нашите услови, после да разговаравме“, стои во писмото од учениците испратено до министерката за образование.

Општина Струга ги поддржува учениците во барањата. Од таму сметаат дека струшките училишта ги испполнуваат здравствените протоколи за настава со физичко присуство.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани