Акција во Лакочереј, пронајдена марихуана

Полицијата приведе двајца.

На 02.11.2020 во селото Долно Лакочереј, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, ги лишија од слобода К.А.(33), А.Н.(33) и С.К.(33), сите од Охрид, со место нa живеење во село Долно Лакочереј.
– При претрес во нивните домови во селото Долно Лакочереј, извршени со судска наредба, полициски службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и стебла од растението Канабис сатива. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани