И охридската и струшката болница преадаптираат одделенија за пациенти со корона

Бројот на хоспитализирани пациенти во охридската болница порасна на 80  од кои 15  на кислородна оддршка.

Охридската болница повторно ќе ги поширува каацитетите ,  ќе го преадатптира и нервното одделение во ковид центар за зголемување на бројот на легла. 

Срцевоболните    се препраќаат во Заводот  за кардиологија Свети Стефан. На последниот состанок на Кризниот штаб на општина Охрид донесе  одлука сите здравстевни установи да помогнат во лекување на се` поголемиот број  заболени.

„Како што налага ситуацијата ќе иселуваме одделни оддели  Имаме уште неколку слободни кревети ако се зголеми бројот. Охрид знаете имаме огромен број на пзоитивни пациенти  кои доаѓаат наше е како болница да го згрижиме сите потешки пациенти“ , вели доктор Горан балев директор на болницата Охрид.

Комплицирана е состојбата и во Струга. Од почетокот на пандемијата  струшко бележи најголем морталитет на  пациенти со ковид 19 во земјава. Моментално има 18 пациенти во болнички услови.  Полно е интерното одделение, болницата ќе  го преадаптира детското одделение.

-„Имаме план за други одделенија да ги преадаптираме за лекување на корона пациенти. Кажувам да не се шири страв кај граѓаните на Струга ние функционираме и ќе работиме по секојдневните потреби на пациентите“ , вели Мухамед Асани директор на болница Струга.

Во Струга  како последица на комппликации  од корона вирусот  до денес починаа 75 пациенти. Стушките печалбари спакувани во посебни инкубатори капсули  авионски заминуваат на лекување во странство. 

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани