Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на казненото дело „фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ч.(24) од охридското село Лескоец и М.П.(32) од селото Долно Лакочереј.
Во пријавата, Н.Ч. е поврзан со извршување и на казненото дело „одземање моторно возило“ а М.П. за „поттикнување“. Во текот на октомври 2020 година, првопријавениот, од гаража во селото Лескоец, одзел Крос моторцикл марка „Јамаха“, сопственост на П.Т. од истото село и го однел во гаража сопственост на второпријавениот. Тука, со подесен алат го промениле постојниот број на шасијата и ставиле друг број кој припаѓал на друг „Јамаха“ моторцикл.
