Скојанец фатен во Охрид со украден мобилен телефон.
На 20.02.2021 година во 14,35 часот, во СВР Охрид, приведен е С.Б.(47) од Скопје. Кај него, при извршен преглед на улицата „Гоце Делчев“, пронајден е мобилен телефон ,,Хуавеј Хонор“, претходно пријавен за украден од страна на сопственикот А.Х.(19) од гостиварското село Топлица. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
