Затвореник избегал од струшкиот затвор, фатен на плоштад во Охрид.
На 21.02.2021 година во 19 часот, на плоштад ,,Крушевска Република“ во Охрид, приведен и од слобода е лишен А.К.(46) од Охрид. Тој, е спроведен во Казнено – поправната установа затвор Струга, од каде, избегал на 20.02.2021 година во 23 часот, инфорира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
