19 охриѓани и 21 стружанец казнети за брзо возење

19 охриѓани и 21 стружанец казнети за брзо возење. 

 

На 21.02.2021 година во времето од 11 до 17 часот, на целото подрачје на СВР Охрид беше спроведена акциска контрола кон возачи кои управуваат возло со брзина на движење поголема од пропишаната. Притоа, на подрачјето на Охрид, полициските службеници регистрирале 19 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, во Струга 21, во Кичево-19 и во Дебар- 15 возачи, кои своите патнички возила, ги управувале со поголема брзина од дозволената. Поради сторен прекршок, полициските службеници на возачите им издале прекршочни платни налози.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани