Според сите здравствени протоколи пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести,на 25 февруари 2021 година во Струга,во органозација на ОО на СЗБ,пред поголем број граѓани ја одбележаа 77 – годишнината од смртта на Кузман Јосифоски – Пит.
Делегациите предводена од претседателот на ОО на СЗБ-Струга,Ајредин Мемеди,како и делегацијата на ЗП Струга, и други граѓани положија цвеќе на бистата на Питу,која гордо стои поставена од 1944 год,пред куќата на Владо Малески и спомен плочата во тесното сокаче на улица Браќа Миладиновци,каде што престојувал Питу за време на неговата посета во Струга.

Питу имал голема верба во Струга и стружани,но и многу ја сакал.На неколку пати доаѓал во Струга,во строга илегалност и притоа им давал задачи на МК на КПЈ и СКОЈ.
Струга е и треба да е горда што низ нејзините сокаци минувал таков херој како што бил Питу.Затоа градот трба вечно да се сеќава на него и да го слави неговото дело.
На денот,што за неговиот народ и неговата земја стана најсветол ден,Илинден,на предлог на Маршалот Тито,меѓу првите во Македонија.Кузман Јосифоски – Питу е прогласен за народен херој на Југославија.
Кузман Јосифоски – Питу е роден во Прилеп,15 јуни 1915 година.По завршувањето на гимназијата во Битола,студирал на Правниот факултет во Белград каде штое е во раководството на напредната студенска младина.Учествува во организирањето на македонското студенско друштво „Вардар“,во кое пресудно влијание имаат студенските комунисти.По окупацијата од новото партиско раководство на Македонија е испратен во нејзиниот западен дел за да го организира Народното ослободително движење.На овој терен успесите на Кузман се огомни.Загинува на 29 – годишна возраст во Скопје.
Денес кога се одбележува 77 – годишнината од неговото убиство можеме само уште еднаш да повториме дека од тоа светло дело се воспитуваат многу генерации.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
