Питачењето сериозен проблем во туристички Охрид и Струга.
И ова лето низ центарот на двата градови зтекнати огромен број питачи. Најчесто на улица се сретнуваат деца, но и повозрасни лица од ромска националност. Голи, боси и изгладнети просат пари од минувачите.
Од граѓанските здруженија велат станува збор за организирано питачење. Во текот на летниот период се носат сиромашни деца од други градови, кои се оставени на милоста на граѓаните. На социјалните мрежи се споделуваше и видео на кое се гледа како еден маж им ги собира парите на питачите во паркот во Струга.
„Во Струга во изминатите два месеци реализирани се 14 акциски контолиза питачење и затекнати се 26 лица кои питачат од нив едно било малеолтник. СВР Охрид во однос на овие акциски контроли има поднесено 25 барања за прекршочни пријави“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Не е подобра состојбата и во Охрид. Голем број питачи летото го минуваат во градот просејќи од туристите.
„На подрачјето на Охрид реализирани се 11 акциски контоли а затекнати се 8 лица во тек на питачење во централното градско подрачје“, додава Димоски.
Најчесто лицата што питачат на брегот на Охридското езеро се од други градови, од Централна и Источна Македонија.
Оние кои се затекнати на лице место се предаваат на Центарот за социјални работи од каде се упатуваат до нивните места на живеење. Законот за прекршоци предвидел и казни за питачење од 15 до 30 евра во денарска противредност.
Новинар Соња Рилковска
