Кривична за охриѓанец, направил сообраќајка и се заканувал

Кривична за охриѓанец, направил сообраќајка па се заканувал.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“. Тој, на 02.08.2021 година, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркиран автомобил „Шевролет Каптива“, сопственост на Д.Т.(47) од Охрид и физички го нападнал, му се заканувал со остар предмет, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства и се обидел физички да ги нападне, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани