Со интонирање на фестивалската химна и огномет, како и со театарската претстава „На отворено море“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер на Античкиот театар во Охрид беше затворено 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Директорката на НУ „Охридско лето“, м-р Наташа Поповиќ, истакна дека фестивалот годинава испиша уште една успешна приказна во својата историја и успеа да ја прослави уметноста во време кога се соочуваме со ковид-19.-Испишавме уште едно успешно фестивалско издание на најголемиот и најзначајниот фестивалво земјава „Охридско лето“. Доказ за тоа се врвните уметници кои настапија, позитивните оценки од стручната критика и задоволството на публиката.Со гордост можам да кажам дека понудивме богати и квалитетни уметнички вечери со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови, љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат на фестивалската сцена од каде по61-ви пат се славеше врвната уметност.Покрај светските уметници почит и белег дадовме и кон нашите македонски уметници, истакнати поединци и творци од областа на уметноста кои имаат светска слава. Успешно се реализираа и традиционалните вечери кои ги направиме во соработка со Амбасадите. На сцената на Античкиот театар, во предворјето на црквата „Св. Софија”, во црквата „Св. Софија”, на Долни Сарај и во Центарот за култура се одржаа преку 40 културни настани, рече на свеченото затворање директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.Директорката на оваа национална установа упати благодарност до сите кои годинава се вклучија во одличната организација на фестивалот, до Претседателот на државата Стево Пендаровски кој е покровител на фестивалот, до министерката за култура, Ирена Стефоска, до Управниот одбор на фестивалот, до генералниот спонзор на „Охридско лето“, Македонски телеком, до селекторите на музичката и драмската програма, Даница Стојанова и Александар Поповски, како и до сите спонзори и помагатели без кои не може да се реализира успешно фестивалско издание.-Посебно е задоволството е да се биде дел од тимот што го подготвува и реализира годинешново фестивалско издание. Работејќи посветено и професионално, успеавме да ги завршивме активностите за реализација на програмата и во време кога се соочуваме со ковид-кризата. Со тоа обезбедивме континуитет во поглед на успешна и квалитетна програма која ќе му даде обележје на фестивал кој успешно опстојува повеќе од половина век, додаде Поповиќ.Актерската екипа на Југословенскиот драмски театар за затворање на годинешното фестивалско издание ја донесе семејната драма со политички конотации, „На отворено море“ од познатиот српски драмски писател и комедиограф Бранислав Нушиќ, режирана од извонредниот режисер Егон Савин.
