Поголемиот дел од струшките села на планинскиот потег на Јабланица, Дримкол, Малесија, Галичник и општина Дебрца втор ден се без електрична енергија.
Се уште се санираат дефектите на далекуводите на Мепсо и мрежата на ЕВН, предизвикани од снежното невреме кое го зафати регионот вчера.
Жителите проблеми имаат и со телефонската мрежа и со интернетот. Патиштата до некои села се расчистени, но на повисоките места се уште се во лоша состојба и непроодни. Планинската спасителна служба не добила повик за помош од завеани граѓани, но велат подготвени се да интервенираат.
-Има отсечени села, се уште колку што имам информации немаат струја дел од селата и во струшкиот регин и во Дебрца, но засега никој нема побарано помош, се надеваме дека е се во ред со жителите кои живеат таму. Вообичаено е тие да се погдготвени во текот на зимата знаат со какви проблеми се соочуваат, вели Антонио Додески Планиснка спасителна служба.
Поради топењето на снегот и обилните врнежи на дожд поголемиот дел од куќите на Мислешевски пат во струшко се поплавени, жителите бараат помош од Центарот за управување со кризи.
-Има проблем во Струга поради поплавување од површински води се во Мислешевски пат имавме дојави за поплавување на дворови куки и помошни објекти од дождовите што беа јавено е до локална самоуправа Генерално земено состојбата се подобрува и се санира меѓутоа проблемот со електронапојување е најактуелен и со најголеми последици -, вели Митко Темелкоски раководител на ЦУК.
Вчера околу пладне 3 часа без електрично напојување беа поголемиот дел од општините во Југозападниот регион во земјава.
Новинар Соња Рилковска
