Општината ќе го помага работењето на Центарот за аутизам, најави градоначалникот Кирил Пецаков.
-Бев во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид. Од страна на вработените бев запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби.
Како одговорна Локална самоуправа се обврзавме да изнајдеме начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот. Дополнително она што било обврска на Општина Охрид за изградба на нови пристапни скали, а не се реализирано до сега, во најкус рок пристапуваме кон реализација.
Носител на проектот за отворање на овој центар е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „ВО МОЈОТ СВЕТ“, информира градоначалникот Пецаков.


